Натпреварот кој го доби Романија со два гола во финишот, беше во прекин цели 50 минути поради политички пароли и скандирања на теренот.
Романските навивачи извикуваа „Косово е Србија“, а кога извадија и таков транспарент на трибините, гостинските фудбалери решија да се повлечат во соблекувалната.
УЕФА почна истрага, а Романската фудбалска федерација е обвинета по пет точки: провокативни пораки од навредлив карактер, расистичко навивање, користење пиротехника, фрлање на предмети на теренот и блокирање на скалите и излезите на стадионот.
Се предвидува дека Романија најмалку два натпревари ќе игра без публика на домашен терен, ќе плати и висока парична казна.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.