УЕФА им даде рок
на градовите-домаќини на Европското првенство на лето до април да одлучат околу
тоа дали навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварите.
Одржан е веќе и
оперативен состанок, на кој претседателот на УЕФА, Александер Чеферин,
разговараше со претставниците на 12 градови-домаќини преку видео конференција,
а Словенецот потврди дека планот останува ист и покрај потешкотиите поради
пандемијата со коронавирусот.
„УЕФА е одлучна
во намерата Европското првенство да се одржи според претходно утврдените 12
градови“ рече Чеферин.
„Навивачите се
голем дел од тоа што фудбалот го прави посебен како спорт, а тоа важи и за
Европското првенство, исто како и за другите натпреварувања, сепак, мораме да
си дадеме себе си максимален простор за да овозможиме нивно враќање на
трибините“ додаде Словенецот кој се чини дека е оптимист дека ќе дојдат подобри
времиња до големиот фудбалски турнир.