УЕФА не им дозволи минута молчење, Полска и Израел ја надмудрија, го направија тоа на посебен начин! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Израелците побараа да има минута молк пред мечот со Полска во чест на жртвите на Израел кои загинаа во војната со Палестина, но УЕФА го одби предлогот.

Сепак фудбалерите на двете селекции одлучија да не играат во првата минута. Ја изведоа топката од центарот и само стоеа на теренот оддавајќи им почит на израелските жртви.

Натпреварот го судеше судиска четворка од Македонија на чело со главниот судија Јован Качевски од Струга.

×