УЕФА не даде минута молк, па Украинците и Романците се снајдоа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Украинската репрезентација во футсал пред квалификацискиот меч за Европскоот првенство сакаше да изрази сочуство за загинатите во војната со Русија, меѓутоа УЕФА не им го дозволи тоа.

И покрај тоа, Украинците заедно со колегите од Романија успеаја да се снајдат во оваа ситуација. Првиот удар го имаа Романците, кои само ја допреа топката на центарот од игралиштето за да се означи старт на мечот.

Времето почна да тече, а сите футсалци застанаа и оддадоа почит со минута молк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани