422
Меѓу нив има и неколку фудбалски гиганти како што се Барселона, ПСЖ, Марсеј, Јувентус, Интер и Рома.
ПСЖ, Марсеј, Интер и Рома преговарале со УЕФА околу казните и се очекува полесно да поминат, особено француските клубови кои се очекува само парично да бидат казнети.
Интер и Рома покрај паричните казни ќе добијат и рестрикции за трансфери. Се уште не е познато дали тие ќе бидат целосни и колку ќе траат.
Барселона и Јувентус одбиваат да преговараат со УЕФА, па веројатно тие ќе поминат со најголеми казни.