УЕФА ја суспендираше Осасуна, тие им порачаа: Се правите силни на слабите, а слаби сте пред силните!

by
1 минути читање

Поради местење на натпревари во 2013 година, УЕФА реши да изрече суспензија на Осасуна од европските натпреварувања во идната сезона.

Тоа што во меѓувреме е променето раководството на клубот, не беше олеснителна околност. Осасуна нема да настапува во Конференциската лига за која избори пласман.

Малиот шпански клуб најави жалба на оваа одлука на УЕФА и јавно искритикува: „Се правите силни пред слабите, а слаби сте пред силните“.

Со ова Осасуна алудира на фактот што УЕФА изрекува казни само за малите екипи, а не ги казнува гигантите иако и тие прават прекршоци, едни од примерите се Манчестер Сити против кои имаше постапки и поминаа само со парична казна, како и Јувентус за кој има само закани, но никогаш и конкретна казна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани