164
Дрита и Линфилд
синоќа во Нион требаше да се борат за мество во првото коло од квалификациите,
но на два часа пред почетокот на мечот пристигна соопштение дека натпреварот е
откажан.
Втор фудбалер на
Дрита бил позитивен на коронавирус, па здравствените власти на Швајцарија
наредиле целиот тим да оди во карантин.
Според новите
правила и протоколи на УЕФА, доколку некој клуб не може да истрча на терен
поради коронавирус, натпреварот ќе го загуби со службени 3-0, и токму ваква
казна изрече дисциплинската комисија.
Па Дрита го
заврши настапот во Лигата на шампиони, а Линфилд следниот вторник ќе гостува во
Полска кај Легија Варшава.