УЕФА го прогласи за играч на мечот, но италијанските медиуми му дадоа најниски оцени на Леао!

by
1 минути читање

УЕФА го прогласи Рафаел Леао за играч на натпреварот против Њукасл, но за италијанските медиуми тој беше најлошиот фудбалер на теренот.

Како образложение за признанието на УЕФА за играч на натпреварот стои дека Леао бил брз, силен, имал добри движења и претставувал вистинска опасност во шеснаесетникот. 

Но, мислењето на УЕФА е спротивно од она на големите италијански медиуми кои го оценија Леао со најлоши оценки.

Тие пред се ја истакнуваат златната шанса кога Леао помина неколку дефанзивци на Милан, имаше можност да подаде или да шутира нормално, но тој се одлучи за атрактивна завршница со пета и се посрамоти.

„Газета“ му даде оценка 4,5, „Кориере дело Спорт“ го оцени со 5, а „Тутоспорт“ со 5,5.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×