УЕФА на Извршниот комитет во Кипар ја донела оваа одлука, а руските младински селекции ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти, без знаме, химна и национални дресови, како и своите мечеви ќе ги играат на неутрален терен.
„УЕФА беше прва која реагираше на војната во Украина со суспензии за руските тимови и селекции, одложувајќи закажани настани во земјата како финале во ЛШ во Санкт Петербург или Суперкупот во Казањ, раскинување на договорот со спонзорот Газпром… Но, УЕФА е свесна дека децата не смеат да бидат казнети за постапките на возрасните и фудбалот никогаш не треба да се откаже од главната мисија да шири пораки за мир и пријателство. Поради актуелната војна, илјадници деца се спречени да се развиваат и поради ова Извршниот комитет донесе одлука за реинтегрирање на руските младински тимови, кои ќе настапуваат без знаме, без химна, без национални дресови и на неутрален терен“, реши УЕФА.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.