Удар за Тотнем, Кејн ги повредил двата зглоба

by
1 минути читање

Тотнем синоќа го загуби дербито од Ливерпул, но го загуби и Кејн кој на полувремето остана во соблекувалната поради повреда.

Во текот на првиот дел, двапати му беше укажувана лекарска помош, еднаш по старт на Тиаго и еднаш по старт на Хендерсон.

„Има повреда на двата зглоба и тој рече дека може да се справи со една болка и веројатно ќе продолжеше доколку беше повреден само на едниот зглоб, но рече дека со два повредени зглоба е многу болно и не можеше да продолжи“, вели Мурињо.

„Тој е момче кое се жртува за тимот и доколку можеше да го доигра мечот сигурно ќе го направеше тоа“.

„Кога тимот губи а Кејн поради повреда мора да излезе, тогаш знаете дека тоа не е мала повреда. Не можам точно да кажам колку долго ќе отсуствува, треба да почекаме и да видиме. Но мислам дека ќе биде неколку недели“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×