Убедлива победа на Милан во Загреб, Јувентус заврши со Лигата на шампиони (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Милан дојде до трите бода кои му се повеќе од важни, сега росонерите и со реми против Салцбург на Сан Сиро ќе се пласираат во осминафинале.

Адеми и Ристовски беа стартеи на мечот, и двајцата излегоа во 57. минута од натпреварот кога Милан имаше водство од 2-0.

Габиа го отвори резултатот, во вториот дел голови дадоа Леао и Жиру, а последниот гол беше автогол на Љубичиќ.

Јувентус со 4-3 загуби од Бенфика и заврши со Лигата на шампионите, тимот на Алегри можеше да доживее и резултатски дебакл со оглед на тоа што губеше и со 4-1.

Рафа Силва даде два гола за Бенфика, по еднаш погодија Антонио Силва и Жоао Марио. Головите за Јуве ги дадоа Кин, Милик и Мекени.

Најефикасен вечерва беше ПСЖ кој дури со 7-2 го победи тимот на Макаби Хаифа.

Меси и Мбапе дадоа по два гола, Нејмар и Солер погодија по еднаш, Голберг си постигна автогол. Двата гола за Макаби беа дело на Сек.

Реал Мадрид со 3-2 загуби на гостувањето кај Лајпциг, на Анчелоти му фалеа неколку играчи од стартниот тим и тоа се почувствува па во последното коло против Селтик ќе гледаат да го задржат првото место.

Гвардиол, Нкуку и Вернер ги дадоа головите за Лајпциг, Винисуис и Родриго погодија за Реал Мадрид.

На мечот на кој се очекуваа голови, не падна ниту еден. Борусија Дортмунд и Манчестер Сити одиграа нерешено 0-0.

Реми заврши и дуелот меѓу Селтик и Шахтар, но со по еден гол во двете мрежи.

Претходно Челси со 2-1 победи на гостувањето кај Салцбург, Севиља со 3-0 го совлада Копнехаген.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани