159
Со голови на Бремер, Лукиќ и Белоти, Торино со 3-0 ја победи Џенова.
Горан Пандев од клупата го почна мечот, во игра влезе во 59. минута кога неговиот тим губеше со 1-0, но не успеа да му помогне да избегне пораз.
По 33 одиграни натпревари Џенова има само еден бод над опасната зона, еден бод повеќе од Лече кој го пречекува во следното коло. Тоа може да биде и клучен меч во битката за опстанок.