Поранешниот
претседател на Реал, Рамон Калдерон го нападна Флорентино Перез и обвини дека
првиот човек на клубот намерно пушта шпекулации за да го тргне вниманието од
лошата сезона.
„Ова е стратегија
која Реал Мадрид секогаш ја користи за да ги дефокусира фановите од сегашните
проблеми и да продаде сон за следната сезона” – рече неодамна Калдерон.
И се чини дека
тој е прилично во право. Вчера „Кралевите“ уште еднаш се избламираа, Леганес
славеше на Сантијаго Бернабеу со 1-2 во реваншот и си обезбеди историско финале
од Копа дел Реј.
Но срамната
елиминација од Купот како да не е топ вест во Мадрид, и овој примат припаѓа на
новата шпекулација за трансфер на Давид Де Геа.
Шпанецот е
дамнешна желба на Флорентино Перез и утрово како бомба одекна намерата на
претседателот да го направи Давид Де Геа далеку најплатен голман.
Наводно Перез го
известил Жорж Мендеш дека Реал е подготвен да искешира фантастични 100 милиони
евра за Де Геа, односно два пати повеќе од сегашниот рекорд за еден голман
(Џиџи Буфон кој е купен за 50 милиони евра).