Убав гест: Пелистер ќе ги донира приходите од дербито со Вардар!

by Стефан
0 минути читање

Фудбалскиот клуб Пелистер соопшти дека целиот приход од билетите за големото вечно дерби против Вардар ќе биде дониран на семејството на Зоран Петковски – Петкото, човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка.

Билетите за дербито се по цена од 200 денари и се веќе пуштени во продажба. Навивачите можат да ги купат на следните локации:

tickets.fcpelister.com.mk

– ДИМПО Тобако

– Билетарата на стадионот „Петар Милошевски“ на денот на натпреварот.

Натпреварот се игра в среда во терминот од 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×