Убав гест на Кукуреља, му дозволи на поштарот да стане првиот Англичанец со златен медал од СП по 60 години! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Шпанија, Марк Кукуреља уште еднаш покажа дека покрај тоа што е голем шампион, тој е и голем човек.

Кукуреља си ги пакува работите од куќата во Лондон и се сели во Мадрид каде ќе игра за Реал од новата сезона.

На поштарот кој веќе добро го знае од годините минати во Лондон, Кукуреља му дозволи да се слика со златниот медал од Светското првенство.

„Имав задоволство да се сретнам со светскиот шампион, Марк Кукуреља. Тој е едно предобро и скромно момче. Ми дозволи да го држам неговиот медал. Мислам дека сум прв Англичанец со шампионски медал по 60 години“, рече Кукуреља.

Англија има една титула Светски шампион, освоена во 1966 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×