Уапсен е Дејан Савичевиќ, веќе му е изречена и пресуда

by riste
0 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора и легенда на Црвена звезда и Милан, Дејан Савичевиќ е приведен поради повеќе сообраќајни прекршоци.

Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, тој е изведен пред судија за прекршоци кој го осудил на парична казна.

Наводно, Савичевиќ претекнувал преку полна линија и возел со повеќе од дозволената брзина, поради што бил приведен во полициска станица во Херцег Нови.

Според Радио Телевизија Црна Гора, Савичевиќ одбил тест за алкохол.

Ова не е прв дуел на Савичевиќ со полицијата поради сообраќајни прекршоци, тој порано во неколку наврати причинувал инциденти со брзо возење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×