Туре со „отровна стрела“ кон Пеп: Да беше во Барселона…

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола
доби големи критики поради фактот што и во четвртата година од менаџирањето на
Манчестер Сити не успеа да дојде до најголемиот трофеј за тој клуб – Лигата на
шампионите, напротив досега не успеа ни до пласман во последните четири екипи.

Долгогодишниот
поранешен фудбалер на „Граѓаните“, Јаја Туре, кој воедно соработуваше и со Пеп,
смета дека шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити би бил во проблеми доколку
таа позиција ја обавувал во Шпанија.

Доколку се
работеше за Барселона или можеби Реал Мадрид, сигурно дека ќе беше во проблеми,
се
се сведува на политиката
на клубот, на одлуките на директорите кои треба да донесат одлука што да сторат
со него
“ изјави Туре.

Според мене, тој
е на нивото на Јирген Клоп и Зинедин Зидан, но сега останува на клубот да
одлучи што понатаму, добро го познавам Манчестер Сити, овој клуб може да го има
било кој тренер што би го посакал, бидејќи сите добро знаат со каков буџет
располага
“ додава тој.

Луѓето понекогаш
велат дека тој дојде во Манчестер Сити поради лигата, не можете да лажете на
таков начин бидејќи буџетот кој клубот го има и му го обезбедува за секоја
сезона, година по година, е повеќе од доволно за да се освои Лигата на
шампионите
“ заклучи Јаја Туре.

Оваа сезона Манчестер Сити беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите, и тоа од Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×