Турам: Двајца француски фудбалери се подобри од Јамал!

by riste
1 минути читање

Маркус Турам смета дека Ламин Јамал не е најдобар фудбалер во овој моментов во светот, тој наброја двајца пред него.

Јамал имаше фантастична партија, младото момче на Барселона игра наверојатно и сите му предвидуваат многу освоени Златни топки.

Тој сигурно ќе биде еден од кандидатите и за наредната Златна топка, па по мечот Маркус Турам беше запрашан дали Јамал е најдобриот играч во светот.

„Не… најдобриот играч во светот е Французин. И вториот најдобар е Французин, а потоа доаѓа Ламин Јамал. Најдобри фудбалери се Дембеле и Мбапе“, изјави Турам.

Турам им даде поддршка на своите сонародници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани