Тухел со стил одговори на провокациите на Мурињо: Жозе е во право!

by
1 минути читање

Веднаш откако Тухел дојде до Премиерлигата, Мурињо изјави дека француското првенство е многу поразлично од Премиерлигата, со што сакаше да каже дека Германецот допрва треба да докажува дека е голем тренер и вистински потег на управата на Челси.

Пред нивниот дуел, Тухел беше запрашан дали ќе го искоментира таквиот став на Мурињо, Германецот идеално се снајде.

„Не можете да ги споредувате француската и англиската лига. Апсолутно се согласувам. Тоа е комплетно различно. Комплетно различна култура, различно однесување, различен начин на игра“, вели Тухел.

„Сакам да го кажам ова многу јасно, јас не велам дека едната е подобра од другата, туку дека се многу, многу различни“.

„Мурињо е во право, разликата е голема. Не е важно дали е подобра или полоша. Но мислам дека комплетно ми одговара Премиерлигата, се чувствувам многу комфорно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×