Калум Хадсон Одои
не беше дел од тимот на Челси за воведниот натпревар од новата сезона во
Премиерлигата и гостувањето кај Евертон, за младиот Англичанец немаше место ниту
на клупата за резерви.
Се говори дека
офанзивниот фудбалер сака да замине со цел да има поголема минутажа и преку 20
клбови пројавиле интерес за неговите услуги.
На ваквите
случувања реагираше поранешниот играч на Челси, Пол Кановил кој вели дека може
да се повтори приказната со Тами Абрахам, кој не беше потребен на „Стемфорд
Бриџ“ но блеска во дресот на Рома.
„Не ми се допаѓа
ова што го гледам! Калум е третиран исто како Тами. Момчето се утепа од работа на
подготовките за повторно да биде фит по повредата. Вака да го „замрзне“, не е
воопшто добро. Не сум среќен Томас Тухел“ – напиша Кaновил на социјалните
мрежи.
Калум Хадсон Одои
пред неколку години беше желба на Баерн Минхен, „баварците“ беа подготвени да ивестираат
70 милиони евра во талентираниот фудбалер, но Челси одби да се раздели со
Англичанецот и го обврза со нов договор, но тој потоа малку прикажа во синиот
дрес.