Иако во клубот беше само 18 месеци, Тухел на Челси му ја донесе титулата во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Германецот немаше добар однос со новиот сопственик Тод Боли кој очигледно имаше други идеи, па се случи разделба, за многумина неочекувана и шокантна.
„Ова е една од најтешките изјави кои требаше да ги напишам и изјава која се надевав дека нема потреба да ја пишувам. Но, шокиран сум и потресен што моето време во Челси заврши. Ова беше клуб каде се чувствував како дома, како приватно, така и професионално. Им благодарам многу на сите во клубот, играчите, навивачите за тоа што топло ме прифатија уште од самиот почеток. Гордоста и уживањето кои ги почувствував по освојувањето на Лигата на шампионите и Светската клупска титула, ќе бидат во мене засекогаш. Чести ми е што сум дел од историјата на овој клуб без разлика каде ќе ме однесе иднината, сеќавањата од овие 18 месеци засекогаш ќе бидат посебни и ќе имаат посебно место во моето срце“, објави Тухел.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК