Тухел по победата над Евертон потврди дека останува без уште еден дефанзивец: Немаше смисла да го играм, Алонсо побара да замине

by
1 минути читање

Маркос Алонсо
денеска не беше дел од тимот на Челси на гостувањето на „Гудисон Парк“ а по
крајот на натпреварот, Томас Тухел откри дека левиот бек побарал да замине па
затоа го пропуштил дуелот со Евертон.

„Маркос побара да
замине и ќе му ја исполниме желбата. Немаше никаква смисла да го пуштам да игра
денеска“
– рече тренерот на „сините“.

Маркос Алонсо подолго
време се поврзува со трансфер во Барселона, последните информации велат дека
Челси го понудил Шпанецот како и 70 милиони евра за да стигнат до услугите на
Френки де Јонг.

Сепак,
поверојатно е Маркос Алонсо да се пресели на Камп Ноу во засебен трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани