Тухел: По она што се случуваше против Тотнем, Ентони Тејлор повеќе не треба да ни суди

by
2 минути читање

Навивачите на
Челси подолго време се жалат од одлуките на Ентони Тејлор и сметаат дека
судијата има нешто против нивниот клуб, и сега имаат причина плус за ваквите тврдења
откако синоќа имаше неколку контроверзни моменти на градското дерби против Тотнем.

При првиот гол на
Тотнем, имаше прекршок над Каи Хаверц во зачетокот од акцијата, а потоа
Ришарлисон беше во офсајд при шутот на Хојберг. Пред да биде постигнат вториот
гол длабоко во судиското надполнување, Ромеро за коса го повлече Кукуреља, но
одново како ништо да не се случи.

„Можеби ќе биде
најдобро Ентони Тејлор повеќе да не ни суди. Искрено, имаме и ВАР за да помогне
судиите да донесат права одлука. Од кога играч може да повлече друг играч за
коса? Ајде еве и да речеме дека не го видел тоа, имаме ВАР и како тоа никој не
виде дека има слободен удар или црвен картон? Како?“
– вели Германецот.

„Видете, не се
само навивачите загрижени од судењето на Ентони Тејлор, со сигурност тврдам
дека целата соблекувална го мисли истото. Не се само навивачите, и играчите го имаат
истиот став“.

„Играчите се
загрижени кога ни суди Тејлор“.

„Морам да кажам
дека двата гола на Тотнем не требаше да важат. Само еден тим заслужи да победи
и тоа е Челси. Жал ми е за моите избраници, не го добија тоа што го заслужија“.

„Имаше чист фаул
над Каи Хаверц на зачетокот од акцијата, чист фаул. Имаше и чист офсајд од
Ришарлисот. Беше во видното поле на голманот, дури и се обиде да ја игра
топката па Менди не можеше да ја види. Беше чист офсајд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани