Тухел објаснува како ќе го извади најдоброто од Вернер

by
1 минути читање

Новиот тренер на Челси, Томас Тухел ќе има мисија да го извади најдоброто од својот сонародник Вернер.

„Во моментов неговото лице не е насмеано, тежината е на неговите рамена“, вели Тухел.

„Многу се грижи и тоа покажува каков карактер е. Понекогаш за напаѓач не ви помага ако многу се грижите, понекогаш е подобро воопшто да не се грижите, но тој не е таков“.

„Тој е загрижен и не е среќен со себеси и како работите се одвиваат во последно време. Во моментов е важно да ја врати довербата во себе и да ја врати насмевката на своето лице, треба да не се сомнева премногу во себе. Моја работа е да му помогнам во сето тоа, а потоа да му најдам позиција каде може да ги користи своите најсилни страни“.

„Според неговиот профил, тој преферира да има простор. Тој е супер брз и сака да игра брзо, виоко во нападот, но можеби малку лево, ќе биде полуотворен кон противничкиот гол и ќе може да добива топки во отворен простор“.

„Моја работа е да му помогнам и сигурен сум дека можам да го направам тоа бидејќи тој е млад, отворен, пријателски расположен и желен да учи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×