Тухел објасни зошто не разговарал со Нагелсман откако седнал на кормилото на Баерн

by
1 минути читање

Минатата недела,
Баерн Минхен на големо изненадување се раздели со Јулијан Нагелсман и го ангажираше
Томас Тухел.

49 годишниот
стратег вчера се појави пред новинарите во пресрет на дербито со Борусија
Дортмунд и проговори за неговите први денови на „Алианц Арена“.

„Работам, јадам,
спијам и потоа се одново“
– вели Томас Тухел. „Ги правев само овие три работи
во првите денови во Баерн. Се чувствувам како да сум работел месец дена. На
крајот од денот секогаш сум преморен, но следниот ден сум подготвен за работа.
Оваа недела беше прилично исцрпувачка, но и најдоброто нешто што можеше да ми
се случи. Многу сум му благодаран на Баерн“.

Запрашан дали разговарал
со Јулијан Нагелсман и евентуално побарал некаков совет, тој одговори: „Не побарав
средба со него, не сме разговарале. Сите ние сме различни и различно ги
перцепираме работите. Сакам самиот со свој очи да видам што се случува, да
соберам сопствени импресии без влијание од страна“.

Во следниот
период, Томас Тухел ќе соработува со дел од персоналот на Јулијан Нагелсман и
луѓе од доверба на 35 годишниот стратег.

„До овој момент,
соработката е во најдобар ред, без никакви проблеми. Не прашувам што се
случувало и не сакам да знам многу детали. Дел од персоналот на Нагелсман
замина, дел остана, но не изигравав детектив да одредам кој бил близок со него,
а кој не бил. Атмосферата е позитивна и сите сакаат да помогнат“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×