Томас Тухел не тргна добро во Баерн Минхен, доживеа елиминација во Купот на Германија, а на пат е да биде исфрлен и од Лигата на шампионите откако синоќа беа поразени со 3-0 од Манчестер Сити.
„Не се согласувам со резултатот воопшто. Бевме казнети во фази од мечот во кои бевме подобар тим. Едноставно бевме брутално казнети. Мислам дека игравме многу добро до 2-0. Не сакам да зборувам за резултатот, видов многу добар перформанс од наша страна до 70. минута“, вели Тухел.
„Мислам дека заслуживме најмалку еден гол да дадеме. Мислам дека на нашите фудбалери им недостасуваше малку самодоверба и форма. Се разбира дека ова е тежок резултат за нас. Се заљубив малку во мојот тим денеска, начинот на кој играа. Иако звучи малку чудно, но беше забавно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.