Тухел може да не го дочека крајот на сезоната, Баерн размислува за изненадувачки потег

by
1 минути читање

Баерн Минхен врза
два порази, особено изненадувачки беше оној на гостувањето кај Хајденхајм, каде
„баварците“ на полувремето водеа со 0-2, за на крајот да изгубат 3-2.

Па повторно почнаа
да кружат гласини дека Томас Тухел нема да го дочека мај-јуни, и
колку толку да се спаси сезоната со добар настап во Лигата на шампиони.

Како што објави
минхенски Абендцајтунг, многу работи ќе зависат од првиот натпревар против
Арсенал во четвртфиналето.

Во случај на
неповолен резултат, Баерн ќе повлече потег и уште сега ќе му „удри клоца“ на
Томас Тухел, а како привремено решение до крајот на сезоната би бил Мирослав
Клозе, кој ќе има поддршка од Херман Герланд, кој долги години беше помошник во
Минхен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани