Тотнем утревечер
на домашен терен го пречекува Челси во дербито на 22 коло од англиската
Премиерлига, а новиот предводник на „Сините“ од Лондон, Томас Тухел не се
штедеше на пофалби на сметка на својот ривал Жозе Мурињо.
„Се работи за
натпревар помеѓу Тотнем и Челси, а не мене против Мурињо, среќен сум што ќе имам
можност да се натпреварувам со силен тим против неговиот“ наведе Тухел.
„Дали тој е
пример кој треба да се следи? Искрено, кога ја почнав кариерата тој беше толку
далеку од мене, како месечината од земјата, јас бев тренер во младински погон и
потоа се искачив едно скалило погоре, од тогаш па наваму уживам секој ден во
мојата работа“ додаде германскиот фудбалски стратег.
„Немам никакви
дилеми во тоа дека Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот, склопи тим во
Тотнем кој може да биде конкурентен, доста силен состав, тоа е тој предизвик
кој мене ми се допаѓа“ заклучи Тухел.
Инаку Тухел на
клупата на Челси тргна со реми без голови против Вулверхемптон, односно победа
од 2-0 против Барнли, во моментов е израмнет со Тотнем во однос на бодовите
дејелќи ја шестата позиција на табелата, но има и меч повеќе од својот градски
ривал.