Тухел ја утна кратенката за Азпиликуета, а Пулишиќ мораше да му објаснува како е правилно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијан Пулишиќ
мечот против Вулверхемптон го стартуваше од клупата за резерви, а Челси одигра
само реми без голови, меѓутоа интересно е тоа што Томас Тухел, новиот тренер на
клубот од Лондон уште пред мечот му потврдил на Американецот дека нема да
стартува, и тоа поради фактот што ги познава неговите квалитети, а сакал да се
запознае со другите.

Обајцата имаа
одлична соработка во Борусија Дортмунд, а уште на првиот меч во Челси
проследивме една доста интересна ситуација на полувремето синоќа, кога Тухел
мака мачеше како да го изговори правилно Цезар Азпиликуета, но скратено, по што
следеше совет од Пулишиќ до него.

Азпли, Азпли!“ го
повикуваше Тухел капитенот на својот тим, по што му укажа некои тактички
замисли за натпреварот, но по маката која го снајде Германецот, му пријде
Пулишиќ кој имаше совет до него.

Ние го викаме
Азпи, не е Азпли, туку Азпи
“ го советуваше Пулушиќ својот старо-нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани