Тухел синоќа дебитираше на клупата на Челси, одигра 0-0 на Стемфорд Бриџ против Вулвс.
„Уживав многу бидејќи бев многу срќеен со интензитетот, односот, енергијата и квалитетот на мојот тим, бевме добро организирани, освоивме многу топки во последната третина, никогаш не ни недостасуваше интензитет“, вели Тухел.
„Во вториот дел од минута во минута бевме се поагресивни. Тоа беа многу добри перформанси, за жал не дадовме гол, но ако продолжиме така, резултатите ќе дојдат“.
„Ме потсети на нашите натпревари иво Дортмунд, вчера имавме многу добар тренинг, 21 фудбалер кои тотално будно се обидуваат да разберат што правиме, тактички, структурно, како да играме, како да се браниме, не го очекував тоа по еден тренинг и два состанока. Тоа ми дава добро чувство за иднината“.