Тудор не планира да го води Јуве на Светско првенство ако клубот бара нов тренер

by riste
1 минути читање
Тудор

Јувентус на чело со Игор Тудор успеа во последното коло да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона, но неговата иднина е неизвесна.

Постојано се шпекулира дека Јувентус е во потрага по нов тренер, се пишува дека враќање на Антонио Конте е сериозна опција.

Директорот Кристијано Џунтоли изјави дека по завршувањето на Светското клупско првенство ќе одлучуваат дали ќе ангажираат нов тренер и кој ќе биде тоа.

Но, Игор Тудор има јасен став, не планира да го води Јувентус на тоа натпреварување доколку не му биде даден договор и за наредната сезона.

„Многу брзо ќе се знае кој ќе биде тренер на Јувентус. Не по Светското клупско првенство, туку претходно“, рече хрватскиот стручњак.

Големи се шансите од Антонио Конте да зависи целата ситуација, доколку тој прифати да се врати во Јувентус, вратите ќе му бидат отворени, а Тудор нема да добие нов договор. Во спротивно, Хрватот би можел да остане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани