Тренерот на Јувентус, Игор Тудор вели дека дури десет фудбалери побарале од него да излезат од мечот против Реал Мадрид поради проблеми со кондицијата.
Натпреварот во Мајами беше тежок, топлото време и големата борба го направија своето, па уморот ги стигна дел од играчите на Јувентус.
„Морам да им честитам на момците бидејќи се држеа до договорот и ги следеа зададените тактички задачи. Во овие околности дадоа се од себе, а при крајот дури десет играчи бараа замена“, рече Тудор.
Тој објасни зошто го извади Јилдиз кој играше во голема форма на Светското клупско првенство.
„Јилдиз се истегнуваше, се плашевме дека може да се повреди, но и други беа во слична состојба. Имавме уште едно слободно место за замена, сакав да воведам повеќе напаѓачи, но Консеисао се повреди и се плашевме дека ќе останеме со десетмина“.