Тросар стана само третиот играч кој постигнал хет-трик на Енфилд и го шокираше Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Возбудлив натпревар
на Енфилд, Ливерпул и Брајтон одиграа 3-3.

Гостите одлично го отворија
натпреварот, Тросар донесе водство по само 4 минути игра. Истиот фудбалер го
матираше Алисон во 17. минута за 0-2 и најави големо изненадување.

Фирмино во 33. минута
намали на 1-2 и ги врати домаќините во игра, Бразилеот потоа одлично се снајде
во 54. минута и реализираше за 2-2.

Десет минути
подоцна беше направен комплетен пресврт, Вебстер несреќно си постигна автогол и
Ливерпул поведе со 3-2.

Сепак, гостите не
се предадоа и преку Тросар во 83. минута успеаја да се изборат за реми и бод.

Фудбалерот од
Белгија ќе има убави спомени од овој меч, стана само третиот фудбалер кој на Енфилд забележал хет-трик во Премиерлигата, прв по Андреј Аршавин во 2009.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×