62
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, им се приклучил на челниците на Реал Мадрид и Барселона, Флорентино Перез и Жоан Лапорта во Лас Вегас каде имале состанок на тема Суперлига.
Тоа се тројцата кои не се откажаа од намерата да ја формираат таа Суперлига и покрај тоа што останатите се повлекоа.
Тие сметаат дека се уште е возможно да се формира една таква елитна лига и на состанокот во Лос Анџелес дискутирале за начините на кои може да се изведе тоа.
Тројцата ковале нова стратегија како да ја остварат зацртаната цел.