Триумф во Лига Европа може да донесе сериозни главоболки за Манчестер јунјатед

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ гледаат спас на сезоната во триумф во Лига Европа, но овој успех може да донесе сериозни главоболки, платите на фудбалерите ќе скокнат за 25%.

Манчестер јунајтед е очаен во Премиерлигата, но доколку триумфира во Лига Европа, ќе обезбеди настап во Лигата на шампиони и ќе си ја спаси сезоната.

Сепак, еден ваков успех може да донесе сериозни главоболки за клубот од Олд Трафорд.

Имено, со настап во најелитното европско натпреварување ќе мора да се направи корекција на платите, фудбалерите ќе добијат покачување од 25%.

За пример се посочува случајот на Касемиро, кој би имал плата од 500.000 фунти неделно, колку што земаше и Кристијано Роналдо кога се врати во клубот пред четири години.

Триумф во Лига Европа не само што ќе ја зголеми сметката за плати, ќе им отежни и на директорите да се ослободат од фудбалерите кои немаат иднина, тешко дека некој ќе прифати да замине доколку знае дека нема да ја добива платата која ја има во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани