Трите причини поради кои тапкаат преговорите за нов договор на Рафаел Леао

by
1 минути читање

Раководството на
Милан во неколку наврати јавно порача дека сака да го задржи Рафаел Леао, се
верува дека и фудбалерот сака да остане на Сан Сиро, но никако да пристигне
абер за продолжување на соработката.

Медиумите од
Италија сега пишуваат за три препреки поради кои преговорите тапкаат во место.

Првата е платата,
Милан е подготвен на маса да стави 6 милиони евра, додека пак играчот бара 8
милиони евра по сезона, Рафаел Леао ги користи ПСЖ и Челси, кои му нудат и до
10 милиони евра, за да извади што е можно повеќе од „росонерите“.

Втората препрека
е долгот кој Рафаел Леао го има кон Спортинг за едностран раскин на договорот.
Напаѓачот на клубот од Лисабон треба да му исплати околу 19,5 милиони евра, но
наместо од свој џеб, Португалецот сака долгот да биде подмирен од Милан, или новиот
клуб со кого ќе потпише.

Третиот проблем
излезе неочекувано оваа недела, на преговорите со Милан се појави адвокатот
Тед Димвула. Агентот Жорж Мендеш претходно беше задолжен за иднината на
Португалецот, па ова само носи конфузија и несигурност.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×