Трилер со пет гола на Сан Паоло, Наполи до три бода во последните мигови од мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи во средата
загуби на Џузепе Меаца во 91. минута во меч кој го одбележаа расистички навреди
на адреса на Калиду Кулибали, кој поцрвене откако саркастично му аплаудираше на
судијата, а исклучен беше и капитенот Инсиње.

Без овие двајца клучни
играчи, „наполитанците“ вечерва беа на прагот на ново разочарување, но Мертенс
погоди од далечина во финишот од мечот и донесе три бода.

Избраниците на
Анчелоти добро ја започнаа средбата и поведоа преку Милик во 16. минута.
Домаќините потоа имаа уше неколку добри прилики, но гостите беа тие кои
погодија. По една нафрлена топка, Сантандер се снајде најдобро и со глава биеше
неодбранливо крај стативата за 1-1.

На стартот од
вториот дел, Милик го врати Наполи во предност, но уште еден прекин беше кобен
за домаќиние во 80. минута, кога Данило го натскока Албиол и погоди за 2-2.

Сепак во 88.
минута Мертенс биеше од далечина, топката отскокна пред голманот Скорупски и
помина под неговите раце на поблиската статива за 3-2 и голема радост на Сан
Паоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани