Три сомнителни пенали, Кулушевски победник во дуелот со Елмас (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Крај на црната серија, по шест порази и едно реми, Парма конечно се радува на победа. Во меч со три спорни и прелесно досудени пенали, домаќините славеа над Наполи со 2-1.

Резултатот беше отворен во судиското надополнување на првиот дел, Граси падна по минимален контакт со Марио Руи а Капрари донесе 1-0.

На стартот од вториот дел, Граси играше со рака на работ од шеснаесетникот, ситуаицјата беше спорна бидејќи немаше намера и топката најпрво го удри во бутот, но судијата и ВАР решија дека има доволно елементи за најстрога казна па Инсиње изедначи на 1-1.

И кога Наполи притискаше за втор гол, во еден од ретките напади на Парма, Дејан Кулушевски падна во шенасетникот по еден дуел со Кулибали. Повторно контактот беше минимален, но одлуката остана а Македонецот од белата точка погоди за 2-1 и три бода.

Елиф Елмас шанса доби од клупата за резрви, помина половина час на теренот но не можеше да стори ништо за да се избегне пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×