Со 12 голови и 13 асистенции во Серија А, Кварацхелија имаше импресивна сезона. Но, тој нема постигнато погодок од крајот на март. На последните 11 натпревари на Наполи нема постигнато гол, а има само една асистенција.
„Корере дела Сера“ потенцира три причини за падот на формата на Кварацхелија.
Прво, од 22-годишниот фудбалер е побарано да има малку подефанзивна улога од претходно, со подефанзивни задачи, а тоа го лимитира во притискањето на противничките дефанзивци од крилната позиција.
Второ, играта на Кварацхелија е зависна од играта на неговите соиграчи, од интензитетот и гладта за победа, нешто што е намалено во тимот откако беше заверено Скудетото.
Трето, сезоната со 14 гола може да биде всушност аномалија, исклучок од тоа што вистински го може Кварацхелија, споредено со неговите настапи од минатите сезони. Постои шанса дека нема да може да ја повтори.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.