Три прекрасни погодока, Аталанта го совлада Наполи и се пласираше во финале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аталанта ќе му се
спротивстави на Јувентус во финалето од Купот на Италија, вечерва „нероаѕурите“
од Бергамо го добија реваншот против Наполи со 3-1.

Избраниците на
Гасперини го надиграа противникот, постигнаа три прекрасни гола и славеа со
3-1.

Резултатот беше отворен
по десетина минути игра, Запата погоди од далечина за 1-0. Во 16. минута
следеше нов гол, Госенс го проигра Запата кој итро остави за Песина, а Италијанецот
со помош на стативата ја затресе мрежата и донесе 2-0.

Наполи се врати
на стартот од вториот дел, Лозано погоди во 53. минута за 2-1, но сите дилеми
околу финалистот беа решени во 78. минута, Запата повторно остави топка за
Песина, кој помина како да нема одбрана и ја префрли топката преку Оспина за
3-1.

Нашиот Елиф Елмас
беше стартер, на теренот помина 45 минути и беше повлечен од игра на почетокот
од второто полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×