69
Милан влегува во форма, веќе три натпревари по ред победува, вечерва славеше во големото дерби против Лацио.
Домаќините поведоа во 15. минута кога по асистенција на Чалханоглу, Кутроне со глава реализираше за предност од 1-0.
Но, водството не траеше долго, само пет минути подоцна Лацио изедначи со гол на Марушиќ.
Пред самиот крај на првото полувреме, Бонавентура постигнува погодок за Милан, го враќа водството, тоа беше и конечниот резултат, 2-1.