Напаѓачот на Јувентусс Душан Влаховиќ повторно е во центарот на трансфер шпекулациите и „старата дама“ според последните инфформации е подготвена да го продааде за сума од околу 40 милиони евра.
Според информациите на угледната „Газета дело Спорт“, три клуба веќе сериозно ја следат ситуација и спредмни се да влезат во битката за српскиот голгетер. Стануува збор за турските ривали Галатасарај и Фенербахче, како и англискиот премиерлигаш Њукасл.
Јувентус кој го доведе Влаховиќ од Фиорентина за 83,5 милиони евра пред три години, сега е подготвен да го пушти за околу 40 милиони евра, цена која се смета за реална со оглед на пазарната состојба.
Српскиот напаѓач оваа сезона запиша 38 настапи за „старата дама“, при што постигна 14 голови и додаде пет асистенции. Иако не го достигна врвот од очекувањата, интересот за него е сè уште голем, а летово би можел да отвори ново поглавје во својата кариера.