2,1K
По мирното прво полувреме, вистинските возбудувања на мечот почнаа да се случуваат на почетокот од вториот дел.
Во 48. минута нововлезениот Сапонара постигна гол за водство на Фиорентина од 1-0.
Предноста на виолетовите не траеше долго, само девет минути подоцна Берарди од пенал го изедначи резултатот на 1-1.
Се чинеше дека со тој резултат ќе заврши натпреварот, но беше досуден уште еден пенал. Овојпат за Фиорентина кој го реализираше Гонзалез за победа на домаќините од 2-1.