Фудбалска сензација во Швајцарија! Третолигашот Бил приреди шок во полуфиналето на Купот, елиминирајќи го Јанг Бојс со минимални 1-0.
Во регуларниот дел немаше голови, но вистинската драма се случи во продолженијата. Херој за домашниот тим беше Малко Сарторети кој од белата точка во 99. минута му ја донесе историската победа на Бил.
Јанг Бојс пропушти огромна шанса да се извлече. Крис Бедиа прво промаши зицер, а потоа во четвртата минута од продолжението му беше поништен гол поради игра со рака – вистинска трагедија за шампионот на Швајцарија.
Бил одолеа на сите напади, херојски се бранеше цели дополнителни 30 минути и го испиша еден од најголемите подвизи во својата историја! Тимот, кој моментално е втор во третата лига, ќе игра за трофеј против подобриот од дуелот помеѓу Базел и Лозана.