Голем број на извори објавија дека Интер и Тотнем си подале рака за трансфер на Џед Спенс вреден нешто повеќе од 30 милиони евра.
„Нероаѕурите“ мака мачеа да донесат замена за Дензел Дамфрис, кој ова лето се реши за нова авантура и преселба во Реал Мадрид.
Интер практично го договори трансферот на Марко Палестра од Аталанта во зделка вредна околу 50 милиони евра, но во последен миг Челси на маса стави повеќе пари и го украде играчот.
Шампионот на Италија потоа си подаде рака со Унион СЖ за трансфер на Анан Калаили вреден околу 30 милиони евра, но и оваа зделка пропадна откако играчот падна на лекарските прегледи, или поточно не ги помина строгите критериуми пропишани од Италијанскиот олимписко комитет КОНИ).
Кристијан Киву сепак ќе добие нов десен бек, голем број на извори попладнево пренесоа дека Интер и Тотнем договориле трансфер на Џед Спенс.
Тој беше еден од играчите во составот на Англија кој покажа најмногу на Светското првенство, па „спарси“ поставија цена од околу 50 милиони евра.
Но со оглед на тоа дека никој посериозно не загриза, Интер успеа да договори трансфер вреден нешто над 30 милиони евра (Фабрицио Романо пишува за сума од 31,5 милиони евра, додека Спортмедиасет за 30+2 милиони евра).