Трент откри кога и зошто научил шпански јазик

by riste
1 минути читање

Откако потпиша за Реал Мадрид, Трент Александер-Арнолд не импресионираше прво на теренот, туку на прес-конференцијата со неговиот течен шпански јазик.

Ретко кој фудбалер кога ќе направи трансфер во друга земја зборува на нејзиниот јазик веднаш и тоа на високо ниво. Особено ова важи за англиските играчи бидејќи некои од нив чувствуваат и дека немаат потреба да учат друг јазик.

Па зборувањето на шпански на Александер-Арнолд ги изненади сите. По вчерашното реми против Ал Хилал, Трент беше прашан токму за ова.

„Учев шпански јазик неколку месеци. Веднаш штом знаев дека ќе дојдам тука, сакав да научам за да можам подобро да се прилагодам. Тоа беше важно за мене. Нова земја, нов тим, нов град, ми беше важно да покажам дека имам намера да се адаптирам на културата на најдобар можен начин и тоа го правам“, откри Трент.

Тој имаше и убави зборови за фановите на Реал Мадрид.

„Поддршката од мадридистите е неверојатна. Ја чувствував нивната поддршка од моментот кога потпишав. Има фанови низ цел свет. Го гледате тоа во хотел, на тренинг, на социјални мрежи. Сакаме да се заблагодариме. Имавме голема поддршка од трибините, беше фантастично“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×