Тренерот што заработува најмногу на мундијалот во Катар си оди дома, тој што заработува најмалку е во осминафинале

by
1 минути читање

Денеска на програмата на Светското првенство се последните натпревари од групите Х и Г, по што ќе бидат познати сите патници во осминафиналето.

Но уште сега е јасно дека дека селекторот кој заработува најмногу на мундијалот во Катар си оди дома.

Тоа е Ханси Флик, кој има годишна плата од околу 6 милиони евра. 57 годишниот стратег требаше да ја препороди Германија по големиот неуспех на СП 2018, но наместо тоа, „панцерите“ доживеаја нова рана елиминација.

За разлика од него, селекторот кој заработува најмалку, успеа да ја однесе својата репрезентација во осминафинале. Станува збор за Алиу Сисе од Сенегал, кој има плата од нешто над 300.000 евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани