Тренерот на Тотнем испрати јасна порака: Доста плачете тоа е за губитници, уште не сме испаднати!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кризата во Тотнем продолжува, а новиот тренер Роберто Де Зерби се соочува со сериозен предизвик во обидот да го извлече тимот од опасната зона.

Италијанецот не го стартуваше најдобро својот мандат, откако беше поразен на гостувањето кај Сандерленд со 1-0. Потоа следуваше реми на домашен терен против Брајтон од 2-2, а единствената победа ја оствари против Вулверхемптон со 1-0.

Следниот предизвик е исклучително тежок, гостување кај Астон Вила, екипа која се бори за место во Лига на шампиони. Пред овој натпревар, Де Зерби испрати јасна порака до своите фудбалери.

Престанете да плачете, тоа го прават губитниците. Сѐ уште не сме испаднати. Мора да умреме на терен“, изјави Де Зерби.

На четири кола пред крајот на сезоната, Тотнем се наоѓа во зоната за испаѓање и има два бода негатива во однос на безбедната позиција на која се наоѓа Вест Хем. До крајот, на лондонскиот тим му се потребни победи, а распоредот не оди во нивна корист.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×