Тренерот на Шефилд Јунајтед: Не знам дали да се смеам, или да плачам…

by
1 минути читање

Вчерашното
гостување на Шефилд Јунајтед кај Астон Вила беше од големо значење за обете
екипи, за домаќинот можност за бодови во битката за опстанок, за гостинот
продолжување на битката за испишување клупска историја – место во Лигата на
шампионите за идната сезона.

Како и да е,
мечот заврши без погодоци, меѓутоа една ситуација донесе голем скандал откако
системот „Око соколово“ во целост потфрли откако топката ја помина гол
линијата, но технологијата не се огласи, за потоа системот преку соопштение да
се извини поради таа грешка, која се нема случено на повеќе од 9.000
натпревари, наведувајќи дека седумте камери лоцирани на трибините околу голот
биле попречени од положбата на голманот, дефанзивецот и стативата.

Сосема очекувано,
шефот на стручниот штаб на Шефилд Јунајтед, клуб кој има сезона за паметење зад
себе, Крис Вајлдер беше посебно револтиран од таа скандалозна одлука, меѓутоа револтот го искажа на саркастичен начин.

Не знам дали да
се смеам, или да плачам… зборувајќи со судијата, тој ми рече дека имал
чувство дека тоа е гол, дека топката ја поминала гол линијата, меѓутоа
очигледно е дека тој сметаше на системот да ја донесе таа одлука
“ изјави
Вајлдер.

Системот „Око соколово“ објасни зошто не го призна голот и порача: Вакво нешто ни се нема случено на 9.000 натпревари

Јас се смеев во
тие моменти, бидејќи тоа е единствениот начин да го поминам сево ова, помалку е
апсурдно нели? Шегите на сметка на оваа ситуација веќе почнаа…
“ додаде
предводникот на Шефилд Јунајтед.

За Шефилд
Јунајтед вчерашниот меч беше заостанат во рамките на 29. коло од Премиерлигата,
викендов гостува кај Њукасл, а моментално е на шестата позиција на табелата со
само бод зад Манчестер јунајтед, односно четири зад Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×