Фановите на Рајо често протестираат против претседателот, а и капитенот Оскар Трехо јавно ја завзема нивната страна.
Но и покрај омразата кон претседателот, Рајо Ваљакано веќе две години игра одлично во Ла Лига, резултатите се должат пред се на тренерот Андони Ираола.
Последните информации од Шпанија велат дека и Ираола се скарал со претседателот Раул Мартин Преса, му се заканил со заминување. Причината е Диего Коста.
Преса го договорил Диего Коста пред извесно време, но договорот не се случил поради заканите од тренерот Ираола.
Ираола бил фрустриран што не бил консултиран дали му е потребен Диего Коста, туку Преса на своја рака без да му каже го договарал неговиот ангажман.
Доколку Ираола замине од Рајо, тоа ќе биде голем удар за тимот, бидејќи впечатокот е дека тој е клучен за резултатите на тимот кои се над сите очекувања.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.